Свет
30. September 2015 - 17:53

Русија ги нападна позициите на Исламската држава во Сирија

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека руските сили почнале воени операции против Исламска држава во Сирија. 

Цели на нападите се опрема, комуникации, складишта со оружје, муниција и гориво, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Портпаролот на Министерството Игор Конашенков изјави дека руски авиони стрелаат кон позиции, возила и магацини, за кои се верува дека им припаѓаат на екстремистите на ИД.

Анонимен извор на сириските сили за безбедност изјави дека Русија извршила воздушни напади во три сириски провинции.

Западните медиуми претходно денеска повикувајќи се на американсите официјални претставници изјавија дека Русија извршила прв воздушен напад во Сирија, во близина на Хомс.