Руди Џулијани кандидат за нов државен секретар во Стејт департментот
Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани е водечки кандидат за нов државен секретар на САД, во Стејт департментот, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во Републиканската партија.
Како кандидат што треба да го замени сегашниот шеф на американаката дипломатија Џон Кери, оваа ТВ куќа го споменува и Њут Гингрич, поранешен Спикер во американскиот Конгрес.
Обајцата важат за угледни функционери во Републиканската партија, кои и самите во разни периоди учествувале во предизборната трка за номинација на партијата за претседател на САД.
Во годинешниот изборен процес, Џулијани и Гингрич се вклучија во изборниот штаб на Доналд Трамп, во последната фаза и се верува дека имаат остварено голем придонес во изборната победа на њујоршкиот милијардер, сега избран американски претседател.
Џулијани и по изборите од 8 ноември остана во штабот на Трамп, бранејќи го од гневните протести на Американците и од обвинувањата, што на сметка на новоизбраниот претседател ги упатуваат најмногу младите гласачи, тврдејќи дека Трамп е „расист„ и дека ќе успее само да го подели американското општество.
Во интервју за телевизија Фокс, Џулијани остро ги критикуваше студентите во колеџите на САД, каде се протестира против изборот на Трамп, нарекувајќи ги „банда од разгалени мајкини плачковци“.
Џулијани им порачал на студентите- демонстранти дека им е потребна „терапија“.
Њут Гингрич беше Спикер во времето на „аферата Луински“ и тој ја водеше постапката за покренување импичмент против тогашниот претседател Бил Клинтон.
Постапката не помина, откако тогашната прва дама Хилари Клинтон застана во одбрана на својот сопруг, обвинувајќи ги Гингрич и републиканците за предизвикување „десничарски пуч“.
Актуелниот шеф на Стејт департментот, Џон Кери исто така е поранешен претседателски кандидат. Тој на изборите загуби од Џорџ Буш.
Ново на Сител
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија