Рот до Македонија и Грција: Не ставајте црвени линии, решете го спорот
Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот им порача на Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот околу името, предупредувајќи на ризикот од испуштање на моменталната шанса.
- Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, за која сум особено загрижен, Грција. Спорот, кој еднаш го нареков провокативен и кој освен Атина и Скопје, никој не го разбира, мора да се реши. И сторивте многу, нешто што не успеаја да го направат претходните влади. И ве молам ова што ќе ви го кажам не сакам да звучи шокантно. Согласно моето досегашно ограничено политичко искуство ви велам: Не ставајте црвени линии! Седнете заедно и разговарајте!, порача Рот на дебатата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин.
На дебата на тема „Од предизвици до перспективи: Демократските реформи и Евро-атлантска интеграција на Република Македонија“, главен говорник беше премиерот Зоран Заев, а на неа учествуваше и Курт Бек, претседател на Фондацијата.
Рот предупреди дека постои можност за затворање на „прозорецот на можности, кој моментално е отворен“.“
- Обединетите нации се способни за водење на овој процес, со вашата конструктивна поддршка и со поддршката на грчката Влада, за успешна интеграција. Сега прозорецот на можностите е отворен, но наскоро ќе се затвори, изјави Рот изразувајќи ја подготвеноста на германската Влада да помогне доколку тоа е потребно.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг