Фудбал
26. August 2016 - 10:57

Роналдо: Сакам да играм уште 10 години во Реал

„Здрав сум, тренирам напорно и тоа ми дава надеж дека уште 10 години ќе можам да играм врвен фудбал во Реал Мадри кој е најдобриот светски клуб“ изјави Португалецот Роналдо кој ја доби наградата фудбалер на годината во Европа во конкуренција на Герет Бејл и Антоан Гризман.

Роналдо кој сега има 31 година со тоа обелодени дека ќе игра до својата 41-ва година во животот.