Романскиот премиер поднесе оставка
Романскиот премиер Михаи Тудосе денеска поднесе оставка откако неговата владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) не го поддржа за време на гласањето.
Со тоа тој стана втор премиер на Романија за помалку од седум месеци кого партијата го смени од власт.
- Големо мнозинство гласаше за смена на премиерот Тудосе од власт, изјави неименуван член од раководството на ПСД.
Друг функционер од партијата истакна дека Тудосе поднел оставка.
Според партиски извори, на премиерската функција времено ќе биде именуван Паул Станеску.
Романската владејачка Социјалдемокартска партија денеска одржа состанок за да разгледа дали ќе продолжи да го поддржува премиерот Михаи Тудосе, кој има несогласувања со лидерот на таа партија Ливиу Драгнеа, кој, пак, не може да биде премиер бидејќи е осуден за фалсификување избори.
Конфликтот меѓу нив започна откако Тудосе побара од министерката за внатрешни работи Кармен Дан да поднесе оставка, обвинувајќи ја за лаги, но таа го одби повикот. Дан, инаку, е блиска соработничка на Драгнеа.
Тудосе беше назначане за премиер во јуни 2017 година.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска