-->
-->
Реванш четвртфинални дуели во Лигата на шампиони
-->
Во елитната фудбалска Лига на шампиони вечерва на програмата се два реванш четвртфинални натпревари по кои ќе бидат познати и првите две екипи кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Дебитантот во ова натпреварување Волфсбург ќе стартува со предност од два гола на гостувањето во Мадрид кај Реал, бидејќи на првата средба германскиот тим забележа победа со 2:0.
На вториот натпревар кој ќе се игра во Манчестер домашниот тим на Сити има предност од таканаречен „гостински гол“ откако на првиот мач во Париз одигра 2:2 во дуелот со Пари Сен Жермен.
Двата натпревари ќе започнат од 20 часот и 45 минути, стандарден термин во кој ќе се играат и утрешните два реванш дуели меѓу, Атлетико Мадрид – Барселона (1:2 по првиот меч) и Бенфика – Баерн Минхен (0:1)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден