Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на заменик министерот Наумов
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагира на ставот на заменик-министерот за финансии Кире Наумов во врска со денешната аукција на Министерството за финансии и притоа посочува дека тој и неговата партија СДСМ прават се да го попречат нормалното функционирање на Македонија.
- Наумов и СДСМ наместо да им се закануваат на банките и инвеститорите, нешто што е нечуено и невидено во светот, мора да дадат одговор на прашањето како испарија во воздух две милијарди евра со кои СДСМ ја задолжи Македонија и 40 кредити на СДСМ кои се исплаќаат и ден денес? Половина од јавниот долг на Република Македонија е наследство од СДСМ. Како е воопшто возможно да ја задолжиш земјата со две милијарди евра, а ништо да не оставиш зад себе, освен коњи, рејбанки и бисерни огрлици за 8-ми март како најпознат проект во здравството на СДСМ?, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Наумов, се додава во него, сакаат со лаги, манипулации и притисоци да ги избегнат овие одговори па, како што се посочува, лажат за некакви грчки сценарија во Македонија, иако Македонија е официјално меѓу најмалку задолжените земји во Европа, а Грција е еден од најголемите должници во Европа.
- СДСМ го воведе финансирањето на буџетот преку Државните хартии од вредност, нешто што е редовен начин на финансирање на буџет во повеќето земји во светот, а сега скандализира една редовна процедура заради потребите на црниот политички маркетинг. Така се надева СДСМ дека ќе успее да го подобри мизерниот рејтинг од 15,7 проценти во споредба со повеќе од двојно поголемиот рејтинг од 36,8 проценти на ВМРО-ДПМНЕ, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од неработењето на СДСМ, во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во него, покрај тоа што се враќаат кредитите на СДСМ се градат автопатишта во вредност од речиси милијарда евра, изградени се 510 километри регионални патишта, изградени се 350 локални патишта, изградени се 70 нови училишта, реконструирани се 350 училишта, изградени се 80 нови спортски сали, 35 фудбалски игралишта, 51 повеќенаменски игралишта, 39 тениски игралишта, 46 нови детски градинки, набавена е модерна опрема и лабаратории за болниците, намалени се партиципациите за студирање, се реконструираат студентските домови и се градат нови. Просечната пензијата од 2006 година наваму е покачена за 70 отсто, а исплатени се и повеќе од 800 милиони евра субвенции за земјоделците.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд