-->
-->
Расчистени македонските патишта, укината забраната за камиони на Пресека
-->
Сообраќајот за тешки товарни возила е нормализиран на патниот правец Кичево - Охрид преку планинскиот превој Пресека.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината во 13 и 45 часот.
Забраната за сообраќај за сите видови возила за патниот правец Велес- Скопје во 10 часот се укинува. Исто така забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Скопје-Велес во 10 часот се укинува. Сообраќајот на патниот правец Валандово - Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака е нормализиран. Од 13:00 часот сообраќајот на Магистралниот пат Прилеп-Кавадарци кај Плетвар е нормализиран. Од 12:50 часот регионалниот пат Тетово-Јажинце е нормализиран. Од 13:10 часот магистралниот пат Струга-Ќафасан е нормализиран.
Денес од 06:00 часот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, К.Паланка – граничен премин Деве Баир.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот