Ранетиот кандидат за градоначалник итно опериран во Скопје
Крвав инцидент вчера ја потресе Македонија, кога попладнето во 18 часот и 50 минути, на улица во Кичево беше пукано кој кандидатот за градоначалник Алит Абази, и уште две лица.
Според последните податоци, Абази кој се здоби со најлоша рана, и тоа во абдоменот и рбетот, бил итно опериран, засега состојбата му е стабилна, а најавени се повеќе детали во текот на денешниот ден.
Шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу кој исо така беше ранет во десната нога е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје, а третиот ранет е Шабан Далипи за кој се грижат во кичевската болница.
Кон трите лица со пиштол пукал 58 годишниот А.Д. од Кичево со кој тие во текот на денот имале судска парница.
Од полицијата информираат дека А.А. и пиштолот со кој пукал се обезбедени.
Се очекуваат детали.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба