Рамуш Харадинај побара распуштање на косовскиот Парламент и распишување избори
Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, денеска побара распуштање на косовскиот Парламент и оддржување вонредни парламентарни избори, јави Танјуг.
Харадинај, како што пренесе РТК, го напуштил состанокот на косовските политички лидери со претседателката Атифете Јахјага од кој се очекуваше изнаоѓање решение за политичката криза во која Косово се наоѓа речиси половина година.
Лидерот на Алијансата на новинарите потоа им кажа дека обединетата косовска опозиција бара народот директно да го избира косовскиот претседател, а не како досега - тоа да го прави Парламентот.
- Постои недостиг од инвестиции, а владеењето на правото е исклучително политизирано и нашата надворешна политика е неуспешна. На земјата и се потребни предвремени избори и претседателот мора да биде директно избиран од народот, смета Харадинај.
Тој, исто така, порача дека опозицискиот блок останува обединет и дека, како што претходно е најавено, протестите ќе се одржат на 17 февруари.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста