Прва работна средба на министерот Амети со амбасадорот Бејли
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска оствари прва работна средба со aмбасадорот на САД Џес Бејли.
На средбата се разговараше за унапредување на соработката на полето на животната средина при што беа разгледани можностите за заеднички пристап кон решавање на стратегиските цели: заштита на природните вредности, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, развивање зелени агенди за локални стратегии за климатски промени, како и други теми значајни за заштитата на животната средина.
Како што соопшти Министерството, Амети искажа посебна благодрност за досегашната поддршка од страна на Американската амбасада и за континуираната помош во развивањето на плановите и програмите за подобрување на квалитетот на животната средина.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина