Протести во цела Грција
Хаос владее на улиците во Атина, предизвикан од генералниот штрајк на кој повикаа синдикатите против економските мерки и реформите во секторот труд и социјала, јавуваат грчки медиуми.
Од утрото движењето по улиците на Атина е исклучително тешко - во штрајкот се и вработените во градскиот транспорт. Возови не се движат, бидејќи железничарите штрајкуваат против приватизација на секторот. Откажани се и летови, додека бродовите се во пристаништата.
Центарот на Атина е затворен бидејќи таму има протести. Едниот е по повик на главниот синдикат во државата во кој се државниот и приватниот сектор. Другите протести се организирани од блискиот на Комунистичката партија синдикат ПАМЕ чии учесници се обидуваат да стигнат до американската Амбасада.
Во рамки на генералниот штрајк денеска протести се организирани во Солун и други градови во државата.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости