Пронајдено оружје и муниција во канал покрај земјен пат кај Блаце
Припадниците на МВР по преземени мерки и активности во атарот на сeло Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, во канал покрај земјен пат денеска пронашле и одзеле оружје и муниција.
- Од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршуми калибар 7,62 мм, стои во соопштението.
На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и пронајдените предмети се подигнати, по што со наредба од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко - технички иситувања и вештачења при МВР заради изготвување вештачење.
Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на настанот, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово