Македонија
5. January 2017 - 19:53

Продолжувааат превирањата во ССМ

Решението за промена на Живко Митревски од позицијата претседател на ССМ е поништено пред новата година, велат од сојузот на синдикати.

Причината за поништувањето на решението е поради тоа што истото било донесено спротивно на законот и на статутот на ССМ.

Според тоа Митревски останува, како што вели, единствен легитимен претседател на сојузот.

Во меѓувреме четирите гранкови синдикати кои беа исклучени откако избраа ново раководоство на ССМ, се собраа во холот на синдикалната зграда за да спречат нивно иселување.

- Разрешениот претседател Живко Митревски изутринава на огласната табла на ССМ објави одлуки со кои четирите синдикати со одлука на седница од 28.12.2016 не отповикува  од членството на ССМ, а воедно со ангажирање камион, општи работници  и магацински простор сака да не исели од зграда на ССМ. Ние тоа не го дозволивме, го известивме челснтво и се собравме спонтано за да го одбраниме синдикатот, нашите работни места и да може членството да опстојува, рече на прес-конференција в.д.претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Од четирите гранкови синдикати тврдат дека Митревски веќе месец и половина ја злоупотребува поранешната позиција, додека Централниот регистар ја кочи постапката за издавање решение за неговата смена.

Според Митревски, 13 гранкови синдиките гласале за исклучување на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО, заради, како што тврди, фалсификување документи, злоупотреба на службената должност, и кршење на Статутот.