Продолжува кампањата на „Отворена порта“
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“ денеска ќе одржи информативни презентации во Куманово и Штип, во рамки на едномесечната кампања „Што гледаш? Биди нивниот глас!, која има цел да ја подигне свеста во однос на трговијата со луѓе.
Информативни презентации денеска ќе се одржат во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово и во сала на совет на општина Штип.
Во Македонија минатата година шест лица беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 до 150 лица, покажуваат последните истражувања, според кои бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната.
Најголемиот број од жртвите на трговијата со луѓе се жени и девојчиња. Сите жртви од минатата година се од женски пол, од кои три се малолетнички и три се возрасни лица. Петмина од жртвите се со македонско државјанство и само еден е со странско државјанство. Петмина од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак.
Кампањата се спроведува со каравани низ средните училишта во неколку градови како Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Штип, Гевгелија и во Скопје.
Дополнително различни превентивни активности ќе се спроведуваат на фреквентни локации и ќе се дистрибуираат превентивни материјали.
Организаторите апелираат сите кои се соочиле со трговијата со луѓе да се јават на телефонскиот број 0800 11 11 1.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога