Македонија
15. April 2023 - 11:07

Приведен анестезиолог од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на „Тик Ток“

Приведен анестизиологот од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на „Тик Ток“.

- На 14.04.2023  во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д., вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата „Тик ток“ лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош, соопшти МВР.

Како што информираат од министерството, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.