Фудбал
22. May 2024 - 12:47

Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка

Селекторот на македонската фудбалска  репрезентација, Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Хрватска и Чешка. 

На списокот на Милевски се наоѓаат:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Игор Алексовски, Дејан Илиев.

Одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димовски, Ахмед Иљазовски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Агон Елези, Тихомир Костадинов, Давор Здравковски, Елиф Елмас, Исник Алими, Димитар Митровски.
Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили.

Натпреварот со Хрватска ќе се игра во Риека на 3 јуни, со Чешка на 10 јуни во Храдец Кралове.