Приватните гинеколози на средба во ФЗОМ
Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија попладнево ќе одржи средба со претставници на Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија, информираа за МИА од ФЗОМ.
Од Здружението бараат зголемување на капитацискиот бод од 55 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата.
- Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени. Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Република Македонија, со просечна месечна исплата од 169.000 денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар, соопшти ФЗОМ пред неколку дена во врска со барањата на Здружението на приватни гинеколози.
Од ФЗОМ наведуваат дека матичните гинеколози се важна алка во здравствениот систем, бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а воедно се во помал број од предвидениот во Република Македонија.
- Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување квалитетна и навремена здравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитацискиот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари. Но, ова предвидува нови финансиски средства, посочија пред неколку дена од Фондот.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка