Македонија
3. July 2017 - 8:27

Претседателот на Собранието Џафери во посета на Црна Гора

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска на покана претседателот на црногорското Собрание Иван Брајовиќ, ќе оствари прва официјална посета на Црна Гора.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во рамки на официјалнта посета Џафери ќе оствари средби со државниот врв на Црна Гора и со градоначалникот на општина Улцин.