Пресметка меѓу сопружници: Жената му пукала во стомак, па се заклучила во станот
Во инцидентот во улицата Славко Родиќ во белградската општина Раковица во стомак со пиштол е погоден непознат маж, јави МВР.
Се уште не се познати околностите, а ранетиот (39) е префрлен на одделението за реанимација во Ургентниот центар.
На местото на настанот се полициски патроли, а неофицијално по кавга мажот, низ вратата од станот го ранила сопругата Л.М. (31) која потоа се заклучила во станот, но набрзо потоа им се предала на полицајците.
Се претпоставува дека до физички напад дошло по бурна расправија, а еден од соседите рекол дека од нивниот стан се слушнал истрел, по што повредениот маж му тропал на вратата.
Полицијата од Раковица ја уапсила осомничената, инаку од порано позната на полицијата и ја префрлиле на ВМА. Повредениот маж е пронајден во влезот од зградата од каде само повикал полицијата. Од станот е извадено и куче, домашно милениче на сопружниците, а во еден момент е изнесен и куфер полн со пари.
Ранетиот маж е итно опериран во Ургентниот центар и се наоѓа во стабилна состојба.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ