Пренасочен сообраќајот на регионалниот пат пред Војшанци
Сообраќајот на регионалниот пат пред населеното место Војшанци, поради деформации на мостот, за возила со вкупна маса над 5 тона се пренасочува преку мостот на реката Вардар кој ги поврзува Демир Капија - Корешница - Војшанци.
Сообраќајот на сите останати патишта во Македонија, како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци