Фудбал
15. January 2017 - 19:18

Премиер лига: Ливерпул испушти победа во Манчестер

Фудбалерите на Ливерпул загубија драгоцени 2 бода во битката за врвот во Премиер лигата откако одиграа 1-1 на гостувањето кај Манчестер Ј. 

Гостите водеа со голот на Милнер од пенал се до 84. минута кога Ибрахимовиќ по една мешаница стрелаше прецизно за конечни 1-1. 
Од овој резултат најмногу профитираше Челзи кој од оваа рунда ќари уште 2 бода и сега има 7 поени предност пред Ливерпул на врвот на табелата. 
Тимот на Конте вчера го торпедираше Лестер со 3-0. 
https://