-->
-->
Премиер лига: Лестер и официјално крунисан во шампион
-->
Фудбалерите на Лестер, во последниот натпревар на домашен терен оваа сезона им приредија вистинска журка на своите навивачи. На „Кинг Пауер“ стадионот, тие во претпоследното коло го совладаа Евертон 3-1, а потоа го добија пехарот за освоената титула, прва во 132 –годишната историја на клубот.
Журката во Лестер започна пред натпреварот кога Андреа Бочели ја изведе својата нумера „Винцеро“, а навивачите уживаа во бесплатното пиво и пица.
На теренот Лестер делуваше шампионски, уште во петтата минута Варди ја најави победата, а потоа Кинг зголеми на 2-0. Инаку, Кинг е првиот играч во англискиот фудбал кој има титули во Втората дивизија (трета лига), Чемпионшип дивизијата (втора лига) и Премиерлигата.
Варди во второто полувреме погоди од пенал и го постигна 24-от гол во сезоната. Најдобриот стрелец на Лестер можеше да стигне и до „хет трик“, но во 72.минута не погоди од белата точка.
Почесниот гол за Евертон го постигна Миралас на две минути до крајот на натпреварот.
По завршувањето на натпреварот на стручниот штаб и на фудбалерите на Лестер им беа врачени медалите, а потоа и шампионскиот пехар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот
-
Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас