Познати сите финалисти на Евровизија
Претставниците на Србија, Летонија, Грузија, Бугарија, Украина, Полска, Израел, Литванија, Белгија и Австралија синоќа изборија пласман во финалето на 61-то натпреварување за „Песна на Евровизија“ кое ќе се одржи во сабота на 14 мај во „Голуб арената“ во Стокхолм.
Швајцарија, Белорусија, Ирска, Македонија, Словенија, Данска, Норвешка и Албанија останаа надвор од пласманот како конкуренција во второто полуфинале.
Десет пласираните натпреварувачи од синоќешното, второ полуфинале, во финалето ќе се придружат на Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска, Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта, како и директните финалисти - Германија, Шпанија, Велика Брианија, Италија и Франција и земјата домаќин Шведска.
Домаќините и водителите на програмата беше минатогодинешниот победник на Евровизија, Манс Зелмерлов и комичарката Петра Меде.
Начинот на гласање од оваа година е изменет во однос на досегашниот систем.
Стручното жири и гледачите од секоја земја доделуваат збир поени од 1 до 8, односно 10 и 12.
Откако гледачите гласаат по пат на своите телефони, испраќање СМС или користејќи ја официјалната апликација, презентерите од 42 земји учеснички се вклучуваат во програмата како и до сега и ги соопштуваат поените на професионалното петочлено жири.
По сооопштението на резултатите од жирито, гласовите од публиката ќе бидат искомбинирани и секоја песна ќе добие одреден број на бодови.
Сите гласови и од публиката и од стручното жири ќе бидат достапни на сајтот на Evrovizion.tv.
Светската ѕвезда Џастин Тимберлејк ќе настапи исто така во сабота на Евровизија, промовирајќи ја неговата нова песна.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување