-->
-->
Пожар во село Бачишта, кичевско остави семејство без покрив над глава
-->
Спрат од куќа стара околу 30 години во кичевското село Бачишта утрово изгоре во пожар кој бил предизвикан од запалена печка, информираат од Противпожарната единица од Кичево.
Горан Соколески од ТППЕ Кичево истакна дека пожарот избил од запалената печка, ги разбудил домашните, кои веднаш ги повикале пожарникарите. Децата биле извадени, но продолжила борбата со огнот
-Се работи за куќа стара триесетина години, која има и трска наместо бетонска блоча и веројатно тоа дополнително придонело на огнот, кој од шпоретот ја зафатил покуќнината, вели Соколески.
Пожарот го гаснеле шест пожарникари си две возила, а околу 7 часот бил целосно изгаснат. Првичните проценки укажуваат дека се работи за штета од 15.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови