Пожар во бегалски камп во Бугарија
Околу 270 лица сместени во Центарот за прием на бегалци во бугарскиот град Харманли беа авакуирани минатата ноќ поради пожар во објектот, соопшти локалната полиција.
Како што јави БТА, пожарот избувнал околу 30 минути по полноќ по локално време (23.30 часот по средноевропско време) во просторија која била користена како складиште.
При пожарот нема жртви, но се уништени 10 душеци, 15 метри од електричната инсталација и 50 метри квадратни од објектот.
- Причините за пожарот се утврдуваат. Истрагата е во тек. Во оваа фаза се уште не можеме со сигурност да заклучиме што го предизвикало огнот, изјави инспекторот од полициската управа во Хасково, Пламен Петков.
Бегалците биле на време евакуирани од просториите во кои престојувале и сега се времено префрлени на безбедно место.
Ново на Сител
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија