Повик за продукција на музички спотови во рамки на „Дотерај го Скопје“
Јавна соба објави повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за своите песни.
Повикот предвидува до пет авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да снимат спотови, како и нивна промоција онлајн, на социјалните мрежи и во живо. Краен рок за пријавување на повикот е 30 јуни 2017.
Музички бендови и поединци кои се автори на музика можат да се приклучат кон проектот „Дотерај го Скопје“ и да снимат музички спотови. Повикот е достапен на error501.mk/music.
Продукцијата и промоцијата на авторска музика е дел од проектот „Дотерај го Скопје“, кој ќе кулминира во период 1 - 3 септември со фотографска изложба од сите урбани интервенции низ Скопје, презентации од страна на урбаните херои кои имаат засадено бршлени низ градот, видео инсталации, гастро перформанси и богата музичка програма и дружење. Проектот „Дотерај го Скопје“ се реализира во рамки на кампањата „Мрдни со Прст” и има за цел да влијае на подигнување на граѓанската свест за урбани прашања и поттикнување на граѓански активизам.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати