Потресно сведочење на девојче за скопскиот земјотрес: Немав татко, а сега и мајка ми загина
Денеска се одбележуваат 54 години од катастрофалниот скопски земјотрес кој кобното јулско утро во 5:17 часот однесе над илјадници животи, во пресрет на тоа и денеска објавуваме потресна приказна од скопските улици.
Една од приказните е и на еден скопјанец кој скокнал од првиот кат на хотелот „Скопје“, по првиот потрес и за среќа, останал неповреден. Покрај ѕидот на хотелот видел мртва жена, а покрај неа мало девојче кое извикувало „Мамо, мамо“. Веднаш отрчал да го земе. Уште не стигнал до него, кога повторно земјата се затресла и урнатините ги покриле обајцата. Но овој вториот удар бил уште посилен. Разделени така еден од друг, останале шест часа под урнатините. Кога војниците конечно го спасиле девојчето и сакале да го поведат, тоа почнало да се трга и на цел глас да извикува „Тука има уште еден чичко, спасете го“. Девојчето не си отишло додека не го извадиле чичкото. Потоа ја извадиле мајка ѝ, мртва. Чичкото го прашал девојчето како се вика нејзиниот татко. Таа на српски јазик бистро одговорила „Јас немав татко, а сега и мама загина“.
Чичкото ја повел со себе и на војниците им рекол „Благодарам што нѐ спасивте. Девојчето ќе го земам, ќе биде моја ќерка, ќе ја посвојам, јас и така немам свои деца“. Заминале заедно како едно семејство.
Скопје денес е сведок на оваа приказна и на уште илјадници други кој ги градат своите приказни на улиците на овој град. Кога се застана љубовта продолжи, да живее Скопје!
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера