Балкан
17. February 2017 - 21:09

Поранешен шеф на босанската даночна служба е обвинет за корупција

Босанското обвинителство соопшти дека покренало обвинение против поранешен шеф на даночна служба поради земање поткупи од околу еден милион евра.

Обвинет е Кемал Чаушевиќ, шеф на службата за индиректни даноци во период од 2004 до 2011 година, како и двајца бизнисмени, сопственици на трговски компании, поради злоупотреба, корупција и перење на пари во врска со царински измами при увоз на текстилни стоки од Турција, Кина и Унгарија.

Чаушевиќ ги искористил парите за да купи десетина луксузни станови и друг недвижен имот.

Засега не е соопштена сумата на претрпените загуби од поткупот, но на почетокот од истрагата против Чаушевиќ во 2014 година, властите соопштија дека државата загубила околу една милијарда евра.