Поради салмонела, превентивно повлечена храната за доeнчиња Целија Експерт 2 на „Лакталис“
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби известување од компанијата увозник на производите од француски „Лакталис” дека од македонскиот пазар превентивно е повлечен производот храна за доeнчиња - Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.
- Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправна, согласно законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, стои во известувањето до АХВ.
Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот Целија пласирани на пазарот во Македонија. Повлекувањето на производот е исклучиво поради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата “Лакталис”.
АХВ вчера инфомрира дека на македонскиот пазар не се пласирани небезбедни количини млеко „Лакталис“, додека „Лакталис“ соопшти дека на глобално ниво ги повлекува производите поради салмонела.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип