Македонија
15. January 2017 - 16:04

Попоски за „Ла верита“: Сорос да запре со дестабилизација на Скопје

Министерот за надворешни работи на Република Македонија во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита истакнува дека земјата сака да влезе во ЕУ и НАТО и го осудува мешањето на американскиот магнат велејќи дека „Им подарува милиони на невладините организации за да спроведуваат скриена политика и тоа го прави секогаш во корист на лево ориентираните партии”.

На прашањето во својство на член на ВМРО-ДПМНЕ, каква порака сака да испрати до меѓународната заедница, Попоски одговара дека долго време сме било под туторство, како и дека поднеле притисоци кои довеле до пад на претходната влада.

-Но, верувам дека на крајот покажавме дека постигнавме решение прифатливо за македонските граѓани. Ги направивме изборите затоа што успеавме сами. А, тоа е согласно со изреката: ако имаш проблеми, не чекај некој друг да ти ги реши. Сега, во рамките на договорената патека на движење, ќе успееме да покажеме дека сме стабилни. Нашата цел е да влеземе во Европската Унија и во НАТО. Ние сме мала земја и затоа нашите односи со ЕУ треба да ги направиме постабилни. Кога си надвор од големите коалиции и кога си мал, лесно потпаѓаш под влијаниена надворешните фактори. Ова главно произлегува од недостигот на стабилност. Сега оваа стабилност постои, затоа сум сигурен дека странските влијанија ќе изостанат. Кога падна владата во 2015 година, имаше многустрански притисоци од страна на играчите на меѓународната сцена, но и на странските разузнавачки служби. Не сметајќи ги притоа фондациите и лобијата, коишто сѐ уште притискаат врз македонското граѓанско општество, вели во интервјуто министерот за надворешни работи.

„За фондацијата Отворено општество, предводена од Џорџ Сорос. Сорос се мешаше со години и продолжува да се меша. Преку своето лоби финансира голем број невладини организации,коишто се присутни на нашата територија“, одговара министерот на прашањето за кое лоби зборува.

Попоски за  „Ла Верита“ вели дека невладините организации се добредојдени доколку спроведуваат активности за поддршка на домашните заедници.

– Ако наместо тоа прават нешто сосема друго, не се добредојдени. Отворено општество финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас. Би било неприфатливо и за Италија. Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив пред сè започнуваат политички битки, коиштокако по некоја наводна  случајност, секогаш вршат притисок во еден правец. Секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација, нагласува Попоски.

Тој објаснува дека притисоците главно настануваат преку фондовите додавајќи дека лобито на Сорос финансирало македонски невладини организации со сума којашто се доближува до 5 милиони годишно.

Практично, истата сума којашто владата успеа да ја обезбеди со кампањите за поддршка на здравствените проекти и на проектите за стручно оспособување. Откако е присутно во Македонија Отворено општество потроши околу 60 милиони долари за македонските невладини организации. Проблемот не претставува само огромната сума пари, гледано според критериумите на Скопје, туку и абнормалната концентрација. Всушност 90% од финансиските средства, коишто ги добиваат невладини организации, доаѓаат од еден единствен извор. Ако на тоа му се додаде и фактот дека голем дел од корисниците активно се занимаваат со политика (а тоа би требало да го прават политичките партии), под капата на хуманитарни организации, и Вам може да ви биде јасно дека сето тоа не би можело да биде прифатено од страна на една суверена држава, посочува Попоски за „Ла Верита“.