Попоски: Ја поздравуваме поканата на Црна Гора, но и Македонија одамна го заслужи истото
Црна Гора утре и дефинитивно ќе добие покана за членство во НАТО и покрај сериозните политичко-безбедносни проблеми во земјата. Тоа е главна тема на Северно-атлантскиот совет на Алијансата што денес и утре се одржува во Брисел.
И покрај тоа што Македонија го заслужи членството во НАТО уште од Самитот во Букурешт во 2008 година, поради грчкото вето, тоа до денеска не може да се оствари, па министерот за надворешни работи Никола Поппоски, кој денеска како претставник за партнерска земја на Алијансата во рамки на мисиите во Авганситан учествуваше на состанок во НАТО, сепак ја поздрави ваквата одлука.
Според Попоски, Македонија останува цвсто определана за челнство, па вклучувањето на земјтие од регионот во рамки на Алијансата е придобивка за сите:
Во рамки на дискусијата за мисијата “Одлучна поддршка во Авганситан, македонскиот министер потврди дека Армијата на Рпеублика Македонија ќе остане присутна и идната година, како и дека денеска е дискутирано да се стабилизира состојбата во Авганситан со цел да се спречи вториот најголем прилив на мигранти во Макеоднија и Европа, што по Сиријците претставуваат Авганистанците.
Инаку, синоќа американскиот амбасадор во НАТО, Даглас Луте и покрај јасната ситуација дека само Црна Гора утре ќе добие покана за членство во Алијансата, посочи дека “во рамки на политиката на отворени врати на НАТО ќе се разговара и за земјите-кандидати како Македонија, Грузија и Босна”, но потврди дека покана ќе добијат само Црногорците.
-
Бобан Нонковиќ
Сите содржини од овој новинар