Полскиот парламент отфрли нацрт закон за целосна забрана за абортус
Полскиот парламент отфрли денеска нацрт закон со кој се предвидуваше целосна забрана за абортус откако жени организираа масовни протести ширум државата.
Десничарските и либерални парламентарци во 450-члениот Долен дом здружија сили и гласаа со 353 „за“ и 58 гласови „против“ спорниот нацрт закон. Осумнаесет пратеници беа воздржани.
Комитетот на полскиот парламент за правда и човекови права го отфрли вчера тој законски проект и повикаа парламентот да го направат истото по масовните протести на жените во државата.
Владејачката десничарска Партија на законот и правдата која има мнозинство во парламентот е во принцип за забрана на абортусот, но нејзините лидери станаа свесни дека мнозинството жители на државата го поддржуваат актуелниот закон кој дозволува абортус во одредени случаи, наведуваат западни медиуми.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена