Балкан
26. December 2017 - 9:21

Половина од повозрасните лица во Србија едвај „составуваат крај со крај“

Петтина од повозрасните лица во Србија живеат лошо, додека 59 отсто од нив немаат заштеда со која би покриле ненадеен трошок од 10.000 динари (5.000 денари), покажува истражувањето „Стареењето во градовите, предизвици на современото општество“ спроведено во 16 градови и општини.

- Секој десетти има приходи под апсолутната линија на сиромаштија, на граница на сиромаштија се осум проценти од старите лица, додека со потпросечна пензија живеат 28 отсто, покажа истражувањето спроведено во септември на репрезентативен примерок од 1.037 постари лица, а објавено синоќа.

Истражувањето покажа дека 18 проценти од анкетираните немаат добра исхрана, а 39 отсто немаат за облека и обувки, 10 проценти од старите лица немаат добро греење во зима, а 14 отсто немаат контакт со своите деца. Истражувањето покажа и дека 46 отсто од постарите лица се изложени на некој вид дискриминација.