Полицијата има нови докази за убиството на Јелена: На тренерката пронајдена...
Полицијата ја привршува истрагата за свирепото убиство на пејачката на „Гранд“ Јелена Марјановиќ во Борча/ На нејзината тренерка е пронајден изолиран ДНК, кој се разликува од сите досегашни земени примероци.
Непознатиот биолошки примерок, земен од долната тренерка на Јелена (33) засега е клучен доказ за откривање на сторителот на ова мистериозно злостроство.
Оваа ДНК се разликува од сите претходно земени и споредени и не припаѓа на досега анализираните. Полицијата според неофицијалните сознанија наводно знае кој е убиецот, но чека додека не завршат некои анализи и не се соберат материјално докази, за да биде случајот доволно чист за на суд, пишуваат Вечерње новости.
Досегашната реконструкција на злосторството покажа дека пејачката најверојатно е убиена во каналот во кој водата била длабока околу еден метар. Се претпоставува дека таа се обидела да бега, прескокнувајќи го каналот, но убиецот ја стигнал. Ја удрил силно во глава, ја зашетметил и ја фатил за долниот дел од тренерката. Тогаш ја повлекол надаз во вода и продолжил да ја удира. Нејзиното осакатено тело е пронајдено утредента на 3 април.
-Освен ДНК од нејзините најблиски, пронајдена е и биолошка трага, која не припаѓа на никој од нив. Покрај тоа постои и одредена биолошка трага на патиката. но таа не може да се користа, зошто не може од неа да се извлече чист ДНК, наведува извор за „Новости“.
Тринеделната истрага и фаќањето на убиецот е отежнато бидејќи се уште не е најдено оружјето користено во злостроството. И во четвртокот полицијата го чешлаше каналот од двете страни за евентуално да пронајде некоја трага која можеби не ја виделе претходно. Од главните сведоци повторно се земени изјави, зошто некои од нив, според неофицијалните сознанија, „нешто се присетиле“.
Српскиот министер за внатрешни рабори Небојша Стефановиќ изјави претходно дека во текот на денот се стега обрачот околу убиецот на Јелена Марјановиќ и дека има целосна доверба во припадниците на полицијата кои го истражуваат убиството.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска