Македонија
13. September 2015 - 16:31

Почнува превентивнотот чистење на коритотот на Црна Река за заштита од поплави

Од утре започнува превентивното чистење на коритото на Црна Река, долж нејзиното течение низ општините Прилеп, Новаци и Могила кои најмногу беа погодени од последните поплави.
 
Акциониот план е изготвен и истиот предвидува да се затворат 14 поголеми пропусти, од кои 12 се во општина Прилеп, а двата во општините Новаци и Могила. Освен пропустите, се планира  да се затворат и 9-от и 10-от канал за  кои е утврдено дека беа главната причина за поплавувањето.
 
Според најавите, овој пат станува збор за превентивно чистење на речното корито, но, до крајот на годинава предвидено е и детално чистење за што веќе е изготвена и физибилити студија.