Почина академскиот уметник Нове Франговски
По кратко боледување утрово почина Нове Франговски (роден на 02.08.1937 година во Галичник), еден од најекспонираните претставници на средната генерација ликовни уметници во Македонија.
Основно образование и училиште за применета уметност (вајарски оддел) завршил во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности (оддел сликарство) во Белград, 1966 година. За време на студиите излагал на повеќе студентски изложби, а во 1965 година се појавува и на „Октобарски салон“ во Белград. Член е на ДЛУМ од 1967 година.
Во 1965 бил на студиски престој во СССР. Потоа во 1973 бил на специјализација на Академијата за убави уметности во Рим. Други студиски престои имал во 1977 година во Париз, како добитник на стипендијата „Моша Пијаде“, во 1992 во Чешка и во 1997 година во Париз.
Овој евалуиран и докажан сликар (застапен и во изданието „Umetnost na tlu Jugoslavije” од едицијата „Slikarstvo XX veka”, застапен и во колекциите на нашите водечки установи од областа на современата уметност, во 1990 ја основа Ликовната колонија „Галичник“ со интернационален карактер.
Има реализирано над 20 самостојни изложби во Скопје, Куманово, Охрид, Велес, Струмица (Македонија), како и во Бор, Белград, Нови Сад, Рим, Сараево, Париз, Нирнберг, Истанбул, а учествувал на огромен број групни изложби и ликовни колонии во земјава и во странство.
Добитник е на наградите: 1969 - Награда за сликарство на изложбата „25 Години АСНОМ“, 1982 - Награда „Нерешки Мајстори“ на Годишната изложба на ДЛУМ, Награда „Никола Мартиноски“ на изложбата ДЛУМ - цртеж 83“.
Со своето плодно, неколкудецениско творештво, Франговски придонесе во дефинирањето на македонската нова фигурација, работејќи во повеќе стилови на теми со ангажирана социо-политичка димензија. По фигуративната фаза ќе се занимава со апстракција, се до последните години, кога успеа да ги спои апстрактниот жар со асоцијативната фигурација. Негови дела се вклучени во значајни домашни и светски колекции, а трагата што ја остава во домашното сликарство, поради силното уметниково чувствување на реалноста, е моќна и бележита. Голем е неговиот придонес и во афирмацијата на македонската култура и уметност во светот со формирањето на Ликовната колонија во Галичник, која со своето речиси три децениско постоење, со исклучителен квалитет, претставува една од водечките ликовни манифестации од овој тип во земјата.
Комеморативна седница во негова чест ќе се одржи во Националната галерија на Македонија, објект Даут-пашин амам во понеделник, 27 март во 11:00 часот, а погребот ќе биде во 14:00 часот на градските гробишта – Бутел, соопштија од Национална галерија на Македонија.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд