Почеток на кампањата „Што гледаш? Биди нивниот глас!“
Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“ денеска ќе одржи информативни презентации во Тетово и Гостивар, во рамки на едномесечната кампања „Што гледаш? Биди нивниот глас!, која има цел да ја подигне свеста во однос на трговијата со луѓе.
Презентациите ќе се одржат во медицинското училиште „Никола Штејн“ во Тетово, како и во средното медицинско училиште „Гостивар“ и гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.
Во Македонија минатата година шест лица беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 до 150 лица, покажуваат последните истражувања, според кои бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната.
Најголемиот број од жртвите на трговијата со луѓе се жени и девојчиња. Сите жртви од минатата година се од женски пол, од кои три се малолетнички и три се возрасни лица. Петмина од жртвите се со македонско државјанство и само еден е со странско државјанство. Петмина од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак.
Кампањата почнува со караван низ средните училишта во неколку градови како Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Куманово, Штип, Гевгелија и во Скопје.
Дополнително различни превентивни активности ќе се спроведуваат на фреквентни локации и ќе се дистрибуираат превентивни материјали.
Организаторите апелираат сите кои се соочиле со трговијата со луѓе да се јават на телефонскиот број 0800 11 11 1.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка