Кошарка
9. December 2016 - 11:10

Победи на фаворитите во натпреварите од кошаркарската Евролига

 
 
Трите водечки екипи во кошаркарската Евролига, ја оправдаа улогата на фаворити и забележаа победи во натпреварите од единаесеттото коло. 
 
Фенербахче во Истанбул за победи Црвена ѕвезда со 87-72. Актуелниот шампион ЦСКА Москва славеше во Милано кај Армани со 64-79, додека во Мадрид кошаркарите на Реал беа подобри од Жалгирис со 96-91. 
 
Во првиот меч од ова коло одигран во средата, Бамберг на гости го совлада Макаби во Тел Авив со 85-70. 
 
Денеска ќе се играат останатите четири натпревари: 
Анадолу Ефес - Барселона, 
Панатинаикос - Галатасарај, 
Олимпијакос - Уникс Казан и 
Басконија – Дарушафака. 
 
Табела: ЦСКА Москва 10-1 (победи-порази), Реал Мадрид 8-3, Фенербахче 8-3, Олимпијакос 6-4, Басконија 6-4, Панатинаикос 5-5, Дарушафака 5-5, Анадолу Ефес 5-5, Барселона 5-5, Макаби Тел Авив 5-6, Жалгирис 5-7, Црвена звезда 4-7, Армани Милано 4-7, Уникс Казан 3-7,  Галатасарај 3-7 и Бамберг 3-8.