По котлините магла, попладне дожд, од недела снег
Умерено облачно, претпладне со магла по одделни котлини, а вечер во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има слаба магла, а преку денот ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до осум степени.
Утрово под нулата се регистрирани температури во Берово минус четири, минус три во Скопје Петровец, минус два во Струмица, минус еден во Гевгелија и Тетово нула во Куманово, Демир Капија, Битола, Штип и Скопје-З.Рид. Во позитива температурите биле во Крива Паланка еден, во Крушево и Дојран четири, пет во Лазарополе и Пожаране, шест во Виница, Претор, Охрид, Ѓуриште и Маврово и осум во Тополчани и Прилеп.
Во наредните денови под влијание на јужно струење ќе биде сончево со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат релативно високи. Претпладне во некои од котлините ќе има слаба магла. Потоа за време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024