По даночните реформи, банкарите очекуваат побрз раст на американската економија
Банката „Џеј Пи Морган Чејс“ во својата нова проценка го зголеми очекуваниот раст на американската економија во 2018 година на 2,6 проценти, од претходно предвидените 2,2 отсто.
Во 2019 година, „Џеј Пи Морган Чеј“с очекува американската економија да порасне за 1,9 проценти, наспроти претходното предвидување од 1,6 отсто.
Проценката доаѓа по намалувањето на даноците што го воведе Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Двете најголеми партии во САД постигнаа согласност и за буџетот, во кој е предвидено зголемување на трошоците, како за армијата, така и за некои од социјалните програми, со што дефицитот е проектиран да достигне трилион долари годишно.
Гласањето за буџетот ја деблокираше федералната власт на САД, која се соочи со блокада откако истече привремената мерка за финансирање.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ