-->
-->
Плеј оф - финале: Карпош Соколи - МЗТ Скопје 1-1 во победи
-->
Во вториот натпревар од финалната серија во рамки на кошаркарскиот плеј-оф, екипата на Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 104:93 и со тоа го изедначи финалниот скор (1-1).
МЗТ Скопје имаше сила само за првиот период, во кој не му дозволуваа на противникот да направи поголема резултатска предност. Во вториот период, се разиграа шутерите од домашниот состав и со речиси двојно повеќе реализирани поени од гостите отидоа на полувреме со водство од 60:42.
Добрата игра на „соколите“ продолжи и во третата четвртина, а разликата достигна највисоки 25 поени (81:56). Гостите од Аеродром се „разбудија“ во последната четвртина, ја преполовија негативата (87:80) но брзата транзиција не беше доволна за пресврт на резултатот.
Драган Лабовиќ со 24 поени и 10 скокови беше најдобар играч во победничкиот состав, додека Јуре Лалиќ со 16 поени се истакна кај „металците“.
Следниот меч во серијата прв до три победи се игра в петок кога домаќин ќе биде МЗТ Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор