Фудбал
23. March 2017 - 15:50

Петковски: Одиме на победа против Црна Гора

 
Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар против Црна Гора, напаѓачот на македонската репрезентација У-21 Петар Петковски вели дека тој и соиграчите од националниот тим максимално мотивирано ќе влезат на мечот.
 
- Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот, истакна фудбалерот на Вардар.
 
Натпреварот Македонија – Црна Гора ќе се игра утре од 14 часот на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје, а ќе имате можност да го следите низ директен пренос на СИТЕЛ 3 телевизија