Папата доби покана да ја посети Индонезија
Министерот за религиски прашања на Индонезија, Лукман Хаким денеска официјално го покани поглаварот на Католичката црква да ја посети Индонезија.
Поканата му е врачена на државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, кој се наоѓа во посета на најбројната муслиманска нација, но во која меѓу 256 милиони жители има најмалку седум милиони католици.
Според вообичаената дипломатска пракса, ова значи дека ватиканскиот поглавар ќе допатува во Индонезија во блиска иднина. Во овој дел на светот во почетокот на годинава папата Франциско претстојуваше во Јужна Кореја и на Филипините.
Министерот Лукман изјави дека со папата во Индонезија ќе се разговара за охрабрување на меѓуверскиот дијалог во Индонезија.
Оваа држава се до појавата на порадикални муслимански кругови кон крајот на минатиот век, чии активности ги финансираа Либија, Саудиска Арабија и Малезија, беше пример за меѓуверска толеранција. Во поголемите градови на Индонезија има бројни семејства чии членови, без проблеми, поединечно практкуваат исламска, катаоличка или будистичка вера.
Покрај другото, во центарот на главниот град Џакарта во непосредна близина на една од најголемите џамии во Азија се наоѓа и најголемата католичка црква на овој континент.
Досега немало никаков инцидент предизвикан од ваквото верско окружување во Џакарта.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи