Македонија
4. December 2015 - 16:36

Ова е севернокорејскиот законот кој го бара СДСМ - Сегашниот закон е со европска лиценца и поддржан од САД

Пред една година го донесовме, а денеска ќе го менуваме. Намерата на СДСМ да им стави крај на своите политички непријатели, медиумите треба да се преточи во ново законско решение на кое потписот ќе го стави и белгискиот филозоф Питер Ван Хауте.

Пред нешто повеќе од една година Македонија усогласи нов закон за медиумите под покровителство на Европската унија. Токму ЕУ неговото донесување го помогна со речи си еден милион евра, а законските регулативи беа креирани по опсежна повеќемесечна дебата во која свој придонес дадоа двете новинарски здруженија, експертската јавност и невладиниот сектор.
По донесувањето на законот, европската унија и САД не го криеја задоволството.

-Ја поздравуваме веста дека владата и новинарите постигнаа договор во насока а усвојување на предлог законот за медиуми. Ова следува по обемните консултации за оваа значајна легислатива. Се надеваме дека овој напредок ќе го поплочи патот кон постојан дијалог по сите прашања во медиумскиот сектор кои се нотирани во Извештајот за напредок на Европската Комисија и ќе придонесе за создавање на клима за градење на доверба, стоеше во заедничката писмена изјава на ЕУ и САД по донесувањето на Законот.

Позитивна оценка за законот даде и специјалниот претставник на ОБСЕ за медиуми
 

Една година подоцна, законот поздравен од комплетната меѓународна заедница СДСМ тргна да го менува. Скандалозните одредби кои опозицијата ги предлага во преговорите треба да воведат комплетна цензура во новинарството.

Според последните измени кои ги предлага Заев новинарот не треба да има свој став што се коси со Уставот кој предвидува слобода на изразување и изнесување ставови. Со новиот закон за медиуми, СДСМ сака да ги забрани новинарските коментари и комплетно да се замеша во уредувачката политика на медиумите.

По плаштот на наводно избалансирано новиарство СДСМ и Ван Хауте планираат да влезат во телевизиските режии додека траат информативните изданија и да вклучуваат и да исклучуваат програма. Според нивниот предлог доколку Зоран Заев денеска не се појави на некаков настан меѓу граѓаните, медиумите нема да можат да ги објават  ниту активностите на премиерот Груевски. Доколку новинарите не успеат да најдат експерт кој ќе ги поддржи потезите на Заев, нема да можат да го објават експертското мислење кое ги поддржува политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

За забеганоста говори и податокот дека нема да можете да направите дебатна емисија доколку во неа не успеете да донесете политичари од двете спротивставени страни што ги става под знак прашалник и емисиите на опозициските телевизии Телма и 24 вести доколку во нив не се појават на премиер функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека лудилото на СДСМ нема крај говори и барањето во контактните емисии да се обезеби избалансираност на гледачите кои се јавуваат телефонски. Па така, доколку сакате да имате телефонска емисија, најверојатно единствено СДСМ знае начин да обезбедите да ви се јават еднаков број гледачи кои поддржуваат два спротивставени политички ставови.

Новинарите, медиумите и медиумските работници имаат единствен став дека овој предлог на СДСМ се граничи со здравиот разум. Нивното барање е јасно а тоа е дека доколку се смета дека во Македонија има потреба од измени на законот за медиуми, тогаш да се земе еден закон на било која членка на Европската унија и истиот без никакви измени да се имплементира во земјава. Новинарите и медиуми заеднички порачуват дека во под никакви околности нема да дозволат да се спроведе диктатурата во СДСМ и дека ќе направат се, вакви севернокорејски закони да не бидат донесени во Македонија.