Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
За секое дивеење и вандализирање на јавните површини, малолетниците и нивните родители ќе бидат казнети да вршат општокорисна работа. Иницијативата на општина Центар доби зелено светло од ЗЕЛС - Сите градоначалници едногласно се согласиле да побараат од владата измена на повеќе закони за да се запре девијантното однесување на младите.
Вандализмот е аларм, а општокорисната работа може да биде дел од решението, вели првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Експертите кои со години алармираат очекуваат со ваквите мерки состојбите драстично да се променат. Но не само кај младите со девијантно однесување, туку и кај родителите.
Наместо игнорирање на проблемите, да се прифатат мерките за да се градат здрави генерации, бара универзитетската професорка Стојаноска Иванова.
Во некои помалку, во некои општини повеќе, но сите се соочуваат со проблемот на уништување на јавното добро наменето за сите граѓани. Но најголемиот број на пријави до МВР изминатава година стигнаа од Центар. Градоначалникот Герасимовски очекува резултати, но и бара алтернативни решенија, до примена на мерките.
Пред повеќе од една деценија, европските полициски билтени ги полнеа бројни случаи на девијантни однесувања кај младите. Токму мерката за општокорисна работа дала најголеми резултати и во Луксембург и во Велика Британиија, за да се запре со дивеењето на младите.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар