-->
-->
Ова е Јелена во која љубоморниот бивш дечко пукал три пати и се самоубил но таа останала жива!
-->
45 годишниот Синиша Ѓ. три пати пукал во 37 годишната Јелена Дамњановиќ со која до неодамна бил во врска. Сведоци на целата трагедија се дедо и внуче кои се шетале вечерта во тој дел од градот.
Откако три пати пукал во Јелена, Синиша се самоубил. На крвавиот расплет претходела куса кавга меѓу поранешните љубовници на улицата „Виноградски венац“ пред градинката „Плава птица“. Целата ситуација ја виделе Милан Пуача и неговата внука, кои во тоа време, некаде пред 7 часот вечерта, шетале по улицата.
- Тие се расправаа но не делуваше дека ќе дојде до пукање. Кога јас и внуката малку се оддалечивме по улицата слушнавме три истрели. Девојката падна, потоа се освести и почна да бега кон околните згради, а тој седна на патот и по неколку минути си пукаше во главата. Се скрив со внуката зад еден ѕид и се ибидов да ја смирам велејќи дека се слушаат петарди - вели Пуача, пишува Блиц.
Синиша ја погодил Јелена два пати во вратот и еднаш во градниот кош, но не и нанел смртоносни повреди. Таа со последните сили, крвава, успеала да стигне до својот стан. Нејзините домашни повикале итна помош. Сега е во болница, надвор од животна опасност.
Според соседите, таа до пред 3 месеци била во врска со Синиша, а сега имала ново момче, што веројатно било причина за нападот.
- Љубомората го навела д аја чека пред зградата и да ја нападне. Јелена е разведена а од бракот има 8 годишна ќеркичка - велат соседите.
- Мајката на Јелена е во силен шок, а ќерката постојано извикува „ми ја убија мајка ми“. Се надеваме дека Јелена ќе преживее - велат нејзините соседи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО