Македонија
25. February 2016 - 15:33

Отворена 12. Политичка академија на ВМРО-ДПМНЕ

Во органзиација на Институтот „Павел Шатев" и Фондацијата „Конрад Аденауер" од Германија денеска во Скопје почна 12. по ред Политичка акдемија на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Современа народна партија".  Во фокусот на академијата се вредностите и политиките на Европската народна партија, моделирањето и значењето на модерните народни партии, а треба да овозможи надградба на ВМРО-ДПМНЕ, воспоставување нови пракси и повисоки стандарди во делувањето.

Форумот го отвори претседателот на партијата Никола Груевски кој истакна дека соработката со ЕПП за ВМРО-ДПМНЕ е една од најважните бидејќи станува збор за органзиација која моментно претставува најголемо семејство на политички партии во Европа со 75 членки од 40 земји, меѓу кои и Македонија.

- Наша е честа да бидеме дел од најмоќната политичка органзиација во Европа, да споделуваме исти вредности и заложби, но наша е и одговорноста да се носиме со сите проблеми и политички предизвици кои ја тангираат Европа, но и нашата земја. Од тука наша примарна одговорност е постојано да ја надградуваме ВМРО-ДПМНЕ во духот на модерните народни партии, да инвестираме во човечките ресурси, да градиме нови политики и проекти, а се со цел да бидеме и понатаму главниот носечки столб на кој се потпира нашата татковина, рече Груевски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период изгради модел за динамично и успешно работење токму врз основа на постојана надградба на своите кадри постојано освежување на раководните структури во партијата и во институциите.

Јоханес Рај од Фондацијата „Конрад Аденауер“ го истакна значењето на дијалогот во политиката и целите на делување на фондацијата. 

- Поаѓајчи од лично професионално искуство, проблемите, расправиите, различностите на мислењата во семејството, политиката и општеството можат да се надминат само со дијалог, работејќи едни со други. Ние соединуваме луѓе и граѓани од различни слоеви, градиме мостови за разбирање со тие кои имаатпоинакво мислење, рече Рај.

Предавачи на академијата се поголем број експерти и професионалци, а меѓу темте кои ќе бидат обработени се менаџирање со човечките ресурси во партијата, политичката комуникација преку интернет, микротаргетирање, лобирање и убедување како дел од политичката комуникација, техники на комуницирање со јасвноста и други значајни теми. Како што беше посоочено на отворањето, на досега одржаните политичкаи академии обука минале над 1.000 членови и симптатизери на партијата.