Анкета: Бугарите загрижени за случувањата во Македонија
Случувањата во Македонија се многу важни за Бугарија, сметаат 52 проценти од бугарските граѓани, покажуваат резултатите од истражувањето на „Галуп интернешнл“.
Истражувањето покажува дека Бугарите не се добро запознаени со темата, но сметаат дека е важна и предизвикува загриженост кај нив. Иако, преовладува мислењето дека кризата ќе се продлабочи, една десетина од испитаниците сметаат дека тоа што се случува во Македонија не е важно за Бугарија.
На прашањето тоа што во моментот се случува во Македонија е многу важно за Бугарија, 52 проценти од испитаниците одговориле со „да“, наспроти 12 со „не“ и 32 со „не знам“.
Според бугарските медиуми кои ја пренесуваат анкетата, историската блискост меѓу двете земји влијае на одговорите, па така со цел да се измери чувствителноста и општиот однос кон случувањата во Македонија во прашањето намерно не е прецизирано за какви настани станува збор и е оставено само „тоа, што се случува во Македонија“.
Македонија е меѓу првите десет земји, кои Бугарите ги сметаат за блиски, покажува неодамна спроведеното истражување на „Галуп интернешнл“ за ставот на Бугарите кон 42 други држави.
Месечните истражувања на „Галуп интернешнл“ сепак покажуваат доза на недоверба на бугарските граѓани кон Македонија. Бугарите искажуваат недоверба во однос на македонските политичари, додека кон македонските граѓани и земјата во целина односите ги оценуваат како блиски. Доказ за тоа е истражувањето од 2015 година, за време на политичката криза во Македонија.
На прашањето дали сте согласни или не дека бегалците од Македонија се закана за националната безбедност на Бугарија, 67 проценти од Бугарите одговориле „не“, наспроти 10 проценти со „да“ и 23 отсто со „не знам“.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран по централна потерница, осуден на 10 години затвор
-
Meџити: Во новото мнозинство ќе бидат тројца-четворица пратеници од Европски фронт
-
Избор на нов претседател на Уставен суд
-
Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Од утре изменет режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово
-
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Европскиот фронт за решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонија ги дозна противниците за Мундијалот, ќе играме во Вараждин