-->
-->
Откупени 24,4 милиони килограми тутун, просечната цена 196,80 денари
-->
Откупот на тутунот е во завршна фаза. До вчера се преземени 24,4 милиони килограми, а просечната цена е 196,80 денари, соопшти денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски.
- До овој момент нема никакви проблеми со текот на откупот. Се надеваме дека многу скоро ќе биде откупен и полесдниот килограм од реколтата 2016, истакна Трипуновски на прес-конференција на која го најави воведувањето нови фито сертификати за поголема заштита на домашното производство.
Крајниот рок за откуп на тутунот е 15 март 2017 година. Според производителите, родот е со одличен квалитет поради што и цената е повисока, а субвенциите изнесуваат 60 денари за килограм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата